Apple троши 700.000 долари за безбедностa на Тим Кук

0 коментари 1 мин. читање

Колку вреди безбедноста на Тим Кук? Според податоците кои ги презентира Patently Apple, за безбедноста на шефот на Apple секоја година компанијата одвојува 700.000 долари, од кои: „(i) Компанијата допринесува на сметката на г. Кук се под план 401 (к) во износ 15.600 долари; (ii) Премија за животно осигурување во износ 2.520 долари; (iii) Готовина за одбор во износ 56.923 долари и (iv) трошоци за безбедност во износ од 699.133 долари)“, стои во финансискиот извештај.

Остатокот од вработените во компанијата не добиваат слична заштита, а инвестирањето во безбедноста на г. Кук само ја покажува неговата важност за Apple. Компанијата вели дека личната безбедност на г. Кук е „од исклучителна важност како за Apple така и за акционерите“.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top