0 коментари 2 мин. читање

За Facebook – aпликации, профит и OpenID

{mosimage}Facebook тестира платформа за плаќање која ќе овозможи на корисниците да купуваат виртуелни добра од апликациите кои се присутни на друштвената мрежа. Виртуелните добра можат да бидат чипови за покер, додатоци за виртуелните миленичиња, цвеќиња на профилот… се што може да ги заинтересира корисниците.

Интересно AdAdge.com објави дека популарните апликации на Facebook прават од 300 до 500 милиони долари годишно. Иста сума која Facebook очекува да ја направи во текот на 2009 година. Пример, Zynga, креаторите на гејминг апликации за Facebook, ќе заработат 100 милиони долари во 2009 година.

„Што се случува кога бизнисите кои работат во Facebook стануваат поголеми од самата друштвена мрежа?“ прашува AdAdge. Тоа се интересни бројки за Facebook од кого се очекува да профитира многу повеќе сега кога има 200 милиони корисници.

{mosimage}

До сега Facebook не им наплаќаше на апликациите кои доаѓаа од страна. Единствениот профит на друштвената мрежа доаѓа од рекламите. Но најверојатно со тестирањето на системот за плаќање ќе воспостави таков однос со апликациите да може да им зема процент од продаденото. Друга можност е Facebook да продава виртуелни пари со кои ќе може да се купуваат виртуелните добра од апликациите, така апликациите ќе земаат процент.

Во секој случај Facebook може да се претвори од друштвена мрежа во друштвена платформа, нешто налик на Tencent, кинеската друштвена мрежа која за 2008 беше прогласена како најпрофитабилен друштвен сајт со профити од 1.2 милијарди долари. Или ако се земе в обзир дека виртуелните добра најдобро функционираат ако имате виртуелен карактер т.е аватар, тогаш Facebook може да стане налик SecondLife – комплетен 3Д свет.

За да ја зајакне својата корисничка база пред горенаведениот чекор, Facebook вчера овозможи и логирање преку OpenID, децентрализирана платформа која на посетителите им овозможува да се логираат на сајтот со своите кориснички имиња на сервиси кои ја поддржуваат OpenID иницијативата како Gmail, MySpace, Yahoo! и многу други… Повеќе информации за ова во официјалното соопштение на Facebook.



Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Мени
Заедница
Изглед
To top