Дружете се со Холивуд

во Веб

{mosimage}Постојано пишувам за несогласувањето на филмската индустрија (читај: Холивуд) и ИТ светот, главно поради пиратеријата што за ИТ светот е „споделување“, за Холивуд е „крадење“. Но сега ќе пишувам за портал кој го прави спротивното, ги зближува љубителите на филмот и Холивуд преку интернет. MakingOf е основан од Натали Портман и Кристин Ајлвар, а неговата цел е да прикаже што се случува зад сцените во светот на филмот.

МakingOf.com беше објавен минатата недела, и логично се уште е во бета фаза па нема толку многу содржина, но на прв поглед е доста интересен портал за сите заинтересирани во културата на филмот.

„Сега има нова генерација на луѓе кои прават свои филмови со YouTube и слични сајтови. Верувам дека тие би сакале експертски совет или можност одблиску да видат како се тоа прави“ вели Натали Портман.

На порталот може да се најдат исечоци од филмови, како се „калееше“ филот и интервјуа со актерите, продуцентите, режисерите, камерманите, инжинерите за звук и светло…. На пример интересно е да се види размислувањето за Рон Хауард, режисерот на Ангели и Демони, за Ватикан како локација за филм.

Еден од четирите сегменти на сајтот е Community секцијата. Порталот е замислен како друштвена мрежа каде посетителите ќе можат да комуницираат и со тие од филмската индустрија, а ќе има и натпревари. Сега во моментот друштвената мрежа на сајтот не фунцкционира, сајтот е во бета верзија, но доколку се регистрирате ќе добиете е-маил кога тој дел од порталот ќе биде готов.

Нормално, покрај одличните интервјуа и видеата од зад сцените, порталот ќе служи како промотор на новите филмови. Нормално, тоа е Холивуд.



Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments