{mosimage}Twitter ја гледа иднината во сервиси и алатки, а не во реклами, според Биз Стоун, ко-основачот на Twitter. „Има неколку причини зошто не сме по рекламирањето – една е што не е толку интересно за нас“ рече Биз Стоун на глобалниот технолошки самит на Reuters. Основачите на Тwitter претходно одбија да го продадат за неверојатни 500 милиони долари кога имаше 5-6 милиони корисници, и тоа пред да се појават ѕвезди како Oпра на микро-блогинг сервисот.
Таквиот потег наиде на многу критики бидејќи Twitter не прави пари воопшто, ниту има бизнис модел за тоа како да прави. Сепак упорноста се исплатеше. Според comScore Тwitter има 17 милиони корисници и расте со неверојатна брзина од месец на месец.
Во разговорот со новинарите од Reuters г-дин. Стоун зборува дека Twitter не е само за големите компании, туку е одлична алатка и за помалите. Примерот кој тој го дава е за пекарница во Њујорк која твита кога топлите кифлички ќе бидат готови.
„Го видов тоа и мислев дека е одлично. 300 луѓе ги следат и тие ќе си ги продадат колачињата и тоа е супер за нив. Слушаме се повеќе и повеќе приказни за такви случаеви. Така да сега ги анализираме корисниците и ги прашуваме „Како може Twitter да ви помогне, како со Twitter да продаде повеќе колачиња“ вели г-дин. Стоун.
Тој продолжува дека на основа на тие корисници и такви бесплатни услуги да креираат сервиси и алатки кои ќе можат да го подобрат целото искуство.






