Продадени се над 40 милиони лиценци за Windows 8, објави Тами Релер, директор за маркетинг во Microsoft, на годишната Credit Suisse – конференција. За споредба, првите двата месеци од продажбата на претходникот Windows 7 се продадоа 60 милиони лиценци.
На истата прес конференција г-ѓа Релер објасни дека Windows 8 е најтестираниот оперативен систем до сега. Во тест фазата оперативниот систем е испитуван околу 1,2 милијарди часа од тестери во 190 држави. Затоа, според неа, Windows 8 е подобар од Windows 7. Новата верзија на Windows кај некои конфигурации ќе го продолжи времетраењето на батеријата за 13 отсто, ќе го скуси времето на стартување на компјутерот за 36 отсто.
Бројот на апликации е удвоен, а уште поинтересно е што неколку апликации ја достигнале заработката од 25.000 долари. Оваа заработка ќе овозможи на девелоперите да задржат 80 отсто од понатамошната заработка до крајот на „животниот век“ на апликацијата. Неколу апликации веќе се преземени над милион пати, а и уште еден дел од нив се блиску до бројка од 1 милион предземања. Бројот на уреди кои го подржуваат оперативниот систем е зголемен од 1.000 на 1.500, пред се станува збор за PC и таблет комјутери.
Ова е прва официјална вест за продажба откако претходно беше објавено дека 4 милиони корисници го надградиле својот Windows 7 на Windows 8 оперативен систем.