Наскоро ќе може да си ги симнете сите твитови, вели директорот на Twitter

Twitter наскоро ќе им овозможи на корисниците да ја симнат целата своја архива на постови. Директорот на компанијата, Дик Костоло, ја потврди својата решеност да им овозможи на корисниците на сервисот за микро-блогирање да ги преземат своите постови пред крајот на 2012, пишува Techcrunch.

Првата најава за ваква опција, г, Костоло ја даде во септември, а сега повторно влегува во конфронтација  со својот тим. Еве што има вели тој:

„Реков до крајот на годината, па инженерите ми се веќе налутени и ќе ми останат налутени. Сега повторно и уште еднаш сме во расправија со инжинерите кои го работат ова. Тие не се согласуваат дека ќе завршиме до крајот на годината, но ќе продолжиме со расправијата, па ќе видиме до каде ќе бидеме до крајот на годината“.

Најголем проблем со реализацијата на ова според инжинерскиот тим е бројoт на твитовите кои стануваат се побројни. На друштвената мрежа и беа потребни три години за првите милијарда пораки, но сега бројката станува драматична со една милијард твитови на секои 2 дена. Главниот двигател на се поголемите твитови се што корисниците стануваат се поактивни во користењето на мрежата кога се случуваат популарни настани. Пример, за време на Светското првенство во фудбал во 2010 година имаше по 3.000 твитови во секунда, а сега, пример, за време на претседателските избори во САД имаше околу пет пати повеќе твитови, или 15.000 твитови во секунда на таа тема.

[youtube]VVDUanmzilM[/youtube]

 

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments