За 4 години возилата ќе бидат автономни, вели директорот на Nvidia

0 коментари 1 мин. читање

За четири години вештачката интелигенција ќе биде доволно моќна да ги замени луѓето како возачи, вели Јенсен Хуанг од Nvidia. Ова можеби и не е преголемо изненадување за луѓето кои ги следат состојбите. Nvidia не е единствената компанија која смета дека 2021 е година за автономни возила.

„Ќе бидат потребни помалку од 4 години за да имаме потполно автономни возила на патиштата. Колку време ќе биде потребно да бидат мнозинство на улиците, зависи од повеќе фактори“, вели г.Хуанг.

Интересот на најголемиот производител на графички картички секако е освојување на повеќе пазари. Nvidia нема преголема заработка од копањето криптовалути, пренесе Reuters.

„Од криптовалутите заработуваме 100 милиони долари за тромесечје. Ова е мал дел за нас. Очигледно не е пазар кој го таргетираме“, додава г. Хуанг.

Пазарот за автонмони возила, доколку успеат да го освојат, може да биде значителна заработка за Nvidia. Компанијата не е единствента заинтересирана за развој на чипови за паметни возила. Главни конкуренти би можеле да им бидат Intel и Qualcomm.

Што се однесува до сличните предвидувања, неколку производители на автомобили сметаат дека 2021 е годината во која ќе започнат да се произведуваат автономни возила. Дел од нив се: Ford, Tesla, Audi, Nissan, но и компании како Google, Apple и Uber.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед