Darkest Dungeon е една од најисполнителните roguelike turn-based RPG инди игри кои сме ги играле. Играта излезе на почетокот на 2016 година и инстантно го привлече вниманието на гејмерите кои беа желни за помалку милостиви механики каде регрутирате, тренирате и водите тим од херои низ лавиринт од хорори, глад и болести. Првата експанзија за играта, The Crimson Court излезе летово и им даде на играчите нова класа, нова зандана, множество од нови, подеднакво предизвикувачки непријатели, пет нови босови, 10 нови структури и масивни мапи кои кријат нова опрема. Проширувањето, се чини, не ги задоволува моментните потреби, затоа што доби само 65% позитивни рецензии во последните 30 дена. Студиото Red Hook Studios ќе проба да ја разбие монотонијата и потенцијалното незадоволство така што ќе воведе DLC со целосно нова класа.
Насловено Shieldbreaker, додатокот ќе ви дозволи да навлезете со нова воинка која е „смртоносна како змија, со сечило кое е исковано од жештината на пустинското сонце“.

Shieldbreaker ве запознава со нови борбени механики како Armor Piercing, Guard Break и Stealth, а и се одликува со нов накит кој е уникатен за секоја класа. Враќајќи се на новиот херој, авторите сакаат да потенцираат дека таа е одличен тактичар со солидни можности за нанесување штета, особено кон чудовишта кои имаат импресивна заштита која се пренесува и на останатите непријатели.

Она што воинката нема е огромно количество здравје и мора да се потпира на нејзиниот штит за да може да ги издржи пресметките. Дополнително, проширувањето ќе ве соочи со три нови чудовишта и еден нов напиток кој ќе пружи заштита во моменти кога таквото нешто е навистина потребно.

Shieldbreaker излезе на 26.октомври, по цена од 4 долари.







