0 коментари 2 мин. читање 8 јуни, 2009

YouTube туторијали за Тwitter

{mosimage}Потребнa е веб 2.0 алатка за да се објасни друга веб 2.0 алатка. Twitter е сервис за микро-блогирање кој дозволува само споделување на 140 карактери ограничен текст. Поради тоа многу луѓе не гледаат причина зошто да го користат бидејќи постојат блогови, Facebook, е-маил, СМС пораки кои не се ограничени само на тие 140 карактери. Многумина и отвараат свои Twitter профили за по кратко време да ги заборават или избришат незнаејќи зошто и како да го користат овој сервис за кој се повеќе и повеќе се зборува.

Затоа најдовме неколку Twitter туторијали од YouTube кои ќе ви објаснат на кратко што е Twitter.

  • Зошто Twitter? – видеото ќе ви даде престава зошто овој сервис е интересен за многу луѓе и кои се неговите предности:

  • Следното видео е за тоа како да најдете следбеници, односно луѓе чии профили т.е пораки ќе ги следите и кои ќе ги следат вашите, доколку ве прифатат за пријател.

  • Ова видео е за Twitter алатките кои ќе ви го направат вашето микро-блогинг искуство подоборо и поефикасно, наместо постојаното отварање на профилот и рефреширање на страницата да ги видите пораките…

За крај како бонус на овие туторијали ви го препорачуваме и Тwitter речникот каде можете да ги најдете термините кои постојано се повторуваат на Twitter.



Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top