ИТ.МК: ИТ универзитет, прилепски делови за сателити

во ИТ.МК

{mosimage}Странски професори, само 100 студенти во текот на четири години, hi-tech лаборатории, кампуси со сали, елитен универзитет… вака министерот за информатичка технологија Иво Ивановски го најави новиот Универзитет на информатички технологии кој ќе биде во Охрид. Универзитетот ќе се отвори во септември.

„Целта е да се привлечат странски професори кои имаат искуство во развиените земји, каде главен јазик е англискиот. Половина од професорите ќе бидат од странство, студентите за почеток ќе бидат од Македонија, а нивниот број ќе биде ограничен зашто сакаме да направиме елитен универзитет“ рече министерот Ивановски.

Предавањата ќе бидат на англиски јазик, рече Благоја Самакоски, ректорот на новиот Универзитет за информатички технологии, кој додаде дека ИТ универзитетот ќе работи според моделите на американските универзитети и нивниот образовен систем.

Интересно г-дин. Самакоски е поврзан и со втората вест што сакав да ја објавам. Тој е сопственик на прилепската фирма Микросам за која А1 вчера објави дека потпишала договор со европски компании за вселенски програми за изградба на сателити. Интересен избор за ректор на ИТ универзитет. Повеќе за новиот ИТ ректор можете да прочитате на блогот на Волан кој има направено интересен краток профил на г-дин. Самакоски.

Инаку прилепската Микросам ќе произведува машини за производство на композитни материјали за изработка на сателити. Само три други земји, САД, Германија и Швајцарија, имаат ваква технологија, пренесува А1.

„Со технологијата која ние успеавме да ја совладаме преку оваа машина, стануваме една од ретките земји кои ја поседуваат таа технологија и кои имаат знаење за производство на тие материјали кои се користат во високите технологии“, изјави Димитар Богданоски, директор на маркетинг во Микросам.


Бесплатна обука

Бесплатната ИТ обука е дел од владината кампања „Македонија–Земја на информатичари“ со која се обучуваат сите заинтересирани граѓани во канцелариско работење и работа со интернет програми. Обуката е на англиски и албански, а сé што ви е потребно да се вклучите во обуката и да добиете ИТ диплома е да го испратите името и презимето, адреса, матичен број и телефон до 30.06.2009 на:

  • преку пошта:
    Генерален секретаријат на Владата на Република Македонија,
    бул. “Илинденска” бб, Скопје
  • преку е-маил:
    [email protected]
  • на телефон: 0800 22222



Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments