{mosimage}S е за „speed“, рекоа од Аpple објавувајќи го новиот iPhone 3GS на овогодинешната Аpple конференција за инжинери во Сан Франциско. Новиот iPhone беше преставен на првиот ден од конференцијата која ќе трае до 12 Јуни. Фановите и корисниците очекуваа изненадувања од Apple, пред недела дена беше E3 гејминг конференцијата каде се објавија многу револуционерни нешта, сепак според зборовите на Стивен Леви од Wired магазинот „Денес не е ден за менување на светот“.
На првиот ден од конференцијата, Apple објави само подобра верзија од телефонот, новата верзија на MacBook Pro како и оперативниот систем Leopard. Исто така беа објавени и финалната верзија на Safari 4 прелистувачот, кој излезе од ввера, и Quicktime 10.
Следново видео е со краток преглед на Leapard преземен од Cnet.
Новиот iPhone 3GS работи со апликациите од 3 до 5 пати побрзо, може да се контролира со глас и може да возврати на говорникот со говор за музиката која ја пушта. Има 3-мега пикселна камера со која може да се снимаат 30 фрејма во секунда и најинтересно од сé е што ќе чини 199 долари за 16 ГБ верзија и 299 доалри за 32 ГБ iPhone. Цената е пониска од што се очекува од Apple и за тоа има две причини. Првата е економската рецесија. А втората е конкурентниот Palm Pre паметен телефон кој беше објавен пред неколку дена и кој чини само 99 долари.
{mosimage}
{mosimage}
{mosimage}
{mosimage}
iPhone 3GS ќе биде достапен во САД и Британија од јули, додека Leopard се очекува да биде објавен во септември.