YouTube тестира картички со информации за каналот

Google продолжува со интеграцијата на Google+ во своите останати сервиси, а најново нешто што ги поврзува YouTube и друштвената мрежа Google+ се картичките со информации за каналот. Откако ќе отидете врз името на каналот, ќе ви се појави картичка која се состои од сликата и заглавјето на каналот, копчето за претплата, опис на каналот и на десната страна под главната фотографија стои иконка од Google+ профилот или страницата со која е поврзан тој канал.

Доколку сакате да ги тестирате виртуелните картички, отворете ја конзолата и вметнете го следниот код:

document.cookie=”VISITOR_INFO1_LIVE=0xJL6SMMUyE; path=/; domain=.youtube.com”;window.location.reload()

За тие што не се запознаени, конзолата за развивање во Chrome се отвара со притискање на F12 и избирање на „Console“ од менито или Ctrl + Shift + J; Firefox – Ctrl + Shift + K; Opera – Ctrl + Shift + I.

За да го вратите по старо, на истото место впишете го кодот подолу:

document.cookie=”VISITOR_INFO1_LIVE=; path=/; domain=.youtube.com”;window.location.reload();

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments