YouTube стигна до 1 милијарда посети на ден

во Веб

{mosimage} На 9 октомври во 2006 година се објави дека Google го купува YouTube. На истиот ден но после три години, вчера, YouTube објави дека имаат 1 милијарда посети дневно!!! Тоа се 11.575 посети во секунда, 694.444 посети по минута и 41.666.667 посети секој час!

Ова е голем момент во нашата кратка историја и ова се должи на вас, пишува Чед Хурли, директорот и ко-основачот на YouTube на својот блог.

Eве дел од блог постот.

„Навраќајќи се на тие денови, ние се посветивме на истите принципи кои од тогаш станаа фундаментални правила во светот на онлајн видеото:

  • Брзината е важна: Видеата мора да се вчитуваат и пуштаат брзо.
  • Клип културата е тука да остане: Кратките клипови се одлични за гледање широк спектар на содржина.
  • Отворени платформи отвараат други можности: Содржината е ваша, вие ја креирате. Сакавме да направиме место каде секој со видео камера, компјутер и интернет конекцiја може да го сподели својот живот, уметност и глас со светот, и да може да заработува од тоа.

Три години подоцна од купувањето од Google, нашата платформа и бизнис продолжува да расте. Ние се уште остануваме посветени на истите принципи што го формираа сајтот на почетокот, но знаеме дека работите можат и да се променат.“ пишува Чед Хурли.

{mosimage}



Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments