{mosimage}Google со 6% е најголемиот извор на глобалниот интернет сообраќај. Заедно со Google други 29 големи компании/мрежи прават 30 отсто од глобалниот интернет сообраќај, покажува
„Internet Observatory Report“ извештајот на Arbor Networks направен по двогодишното истражување на 256 ексабајти интернет сообраќај. За извештајот се вели дека е најголемото истражување на комерцијалниот интернет од средина на 1990-тите.
„Преку изминативе две години, големите организации ги купуваа малите веб сајтови и до јули 2009, 30 отсто од интернетот е во сопственост на неколку големи компании.“ изјави Крег Лабовиц. главниот истражувач на Arbor Networkс, за SC Magazine.
Со купувањето на малите компании се родија „хипер гигантите“, се вели во извештајот. Пред пет години интернет сообраќајот бил рамномерно распределен низ десетина илјадници веб сајтови и сервери. Во 2007 година, интернет сообраќајот бил распределен помеѓу 5.000 и 10.000 компании. Денес 50 отсто од глобалниот сообраќај доаѓа од
само 150 компании, а 30 од нив заземаат 30 отсто. Покрај познатите имиња како Google, Microsoft, Facebook…, меѓу 30-те компании се и компании кои овозможуваат пренос на содржина, компании како Akamai, Limelight, BitGravity, Highwinds…
Токму содржината е причина поради ваквата распоределеност на интернет сообраќајот, вели г-дин. Лабовиц.
„Интернетот служеше за поврзување. Првите 12 години на интернетот беа да се поврзат домовите и бизнисот. Тоа беше технологијата и тоа беше приказната. Сега поврзувањето е насекаде, цените паѓаат, а иновациите не се таму, туку во содржината – да се доближи поблиску до корисниците и бизнисите.“ вели главниот истражувач на Arbor Networks.
Извештајот открива дека има пад на P2P сообраќајот на 18% од 40% пред две години. Главна причина за ова е што наместо да се споделува содржината, луѓето одат на стриминг сајтови во потрага по видео и музика.
Според извештајот видеото зазема 20 отсто од севкупниот интернет сообраќај. Имено, огромнот дел од шесте проценти на Google се должи на YouTube.
{mosimage}






