{mosimage} Приватноста мора да биде висок приоритет за друштвените мрежи и за нивните корисници, рече Вивиен Рединг, евро-комесарката за Информатичко општество во својот говор за „Иднината на интернетот и Европската дигитална агенда“.
„Еден прашање кои ми го привлекува целото мое внимание е заштитата на приватноста и на личните податоци во онлајн околина.“ вели г-ѓа. Рединг нагласувајќи дека друштвеното вмрежување има огромен потенцијал да стане нова форма на комуникација и да ги поврзува луѓето каде и да се.
Втор проблем за приватноста споменат во говорот е таргетираните реклами кои се „систем за мониторинг на однесувањето на веб корисниците за полесно да им прикажуваат реклами“.
„Европските правила се јасни како солза: личните информации можат да бидат искористени само со претходна дозвола. Транспарентност и избор се клучните зборови во оваа дебата.“ вели евро-комесарката за ИКТ на собир на Европскито Парламент на кој се разговара за онлајн пазарот и интернетот.
Покрај приватноста Г-ѓа. Рединг во својот говор наведе неколку клучни работи за кои во Европа треба да се започне дебата и да се најде соодветно решение. А тоа се:
- интернет неутралност
- отворен пазар
- блокирање на IP адреси
- приватност
- овозможување на дигитална содржина пристапна за секој европеец
- повеќе доверба во европските веб сајтови
- широкопојасен интернет за сите
Треба повеќе за борба против онлајн измамите
Европската Комисија ги повика земјите членки да се потрудат повеќе во спречувањето на онлајн криминалот и измамите. Иако во изминативе години земјите-членки спровеле мерки против онлајн криминалот, спамот и измамите, сепак тоа не е доволно, вели Комисијата.
Истражувањето кое го спроведе Комисијата, покажува декa :
- Сите земји-членки имаат еден или повеќе веб сајтови каде граѓаните можат да најдат информации или поплаки за онлајн криминал
- анализа на 140 случаеви покажала дека разлика од земја до земја за одлуката и казните против ваквиот криминал. Најмногу случаеви се пријавени во Шпанија (39) и Словачка (39), додека најголемите казни се издадени во Холандија (1 милион евра) и Италија (570.000 евра), додека во Романија, Ирска и Латвија казните се движеле од стотина до неколку илјади евра.
- Истражувањето покажало дека и соработката меѓу земјите се разликувала многу и варира од земја до земја. Постои соработка меѓу Белгија, Кипар, Франција, Германија… додека Луксембург и Малта зависат од неформална соработка.
Затоа е потребно да се воведе закон кој ќе ги појасни и ќе воведе покатегорични правила и санкции, ќе се отвори меѓународната соработка и ќе се овозможат доволно рисурси за властите да можат да се справат со онлајн измамите.
{mosimage}






