0 коментари 2 мин. читање 6 август, 2012

4Chan надмина една милијарда постови

4Chan стигна до милијардитиот пост. До овој јубилеј страната стигна за девет години, но, интересно е што никој не објавува кој е милијардитиот пост, а модераторите на Twitter тврдат дека ниту нив не им е познато кој е милијардитиот пост, иако тие што го познаваат форумот ќе разберат зошто модерторите велат „искористете ја вашата фантазија“. Форумот е познат како голем извор на интернет култура, но и по контроверзни постови со сексуално експлицитна содржина. За разлика од најголемиот број на веб страни 4Chan им дозволува на корисниците анонимно да објавуваат содржини иако не се регистрирани на страната.

Според Google Analytics, 4Chan го посетуваат 22 милиони различни корисници месечно, а има вкупно 77 милиони посети. Месечно имаат 620 милиони прегледи на содржина. На веб страната најчесто се споделуваат слики/меме, а страната се смета за најзаслужна и за популаризација на меме сликите.

Подолу е видео од фасцинантниот TED говор на Кристофер moot Пол, основачот на 4Chan, кој објаснува како форумот стана влијателен благодарение на анонимноста. Moot во моментов работи на Canv.as, нов стартап за креирање на интернет мимиња.

[youtube]a_1UEAGCo30[/youtube]

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top