Новите, редизајнирани YouTube страни отсега се достапни за сите корисници. Овие нови YouTube One Channel страни се наменети да ги зближат креаторите на содржина со корисниците така што ќе овозможат повеќе простор за креаторите да се претстават и да ја промовираат својата содржина.
На новите канали фокусот паѓа на „трејлерот“ или на воведното видео кое може да се искористи за претставување на каналот. Додадена е и опција за Channel Art за да се среди „визуелниот идентитет“ на каналот, а има и подобра опција за организација на видеата во персонализирани секции и категории за да може да се привлечат повеќе претплатници.
За повеќе детали за овие нови профили ќе прочитате тука youtube.com/onechannel. Преку оваа страна ќе може и да си ги мигрирате каналите на новите профили.
[youtube]bRJEmA6P1SQ[/youtube]