За жал на сите гикови, компјутерите не нудат никаква физичка активност, освен можеби преместување на лаптопот од едно на друго место. Најактивни делови од телото се прстите додека куцате на тастатурата или кликате со глувчето. Затоа и не е чудно што група научници од Јапонија во својата книга Convert Anything to Calories реши да пресмета колку калории се троши со кликањето, пренесува RocketNews24.
Интересно, еден клик на глувчето троши 1,42 калории, пресметано според просечниот волумен на показалецот кој е 10,8 кубични сантиметри и тежина од 11,8 грама. Просечниот прст троши 16,7 микромоли од молекулот Аденосин трифосфат (АТP) кој ја пренесува енергијата во клетките, за да пренесе еден грам од телото за една секунда. Претворено во калории, има 7,3 калории во еден мол на ATP енергија, односно 1,42 потрошени калории со еден клик (или 0,00142 kcal, според метричната единица со коja се означуваат калориите во храната).
Ставено во контекст, за да истрошите еден просечен хамбургер од 500 kcal, ќе ви треба околу 350.000 кликови. Имајќи во предвид дека дневно треба да се трошат околу 1.800 (кило)калории на ден, би ви предложиле да се навлечете на Mindsweеper ако сакате да ослабнете од пред компјутерот.







