0 коментари 1 мин. читање

Чед Харли, ко-основачот на YouTube, најави нов видео сервис

Во моментот во Тексас се одржува SXSW фестивалот на кој присуствуваат голем број на познати личности, меѓу кои и од сферата на технологијата. Таму, Чед, кој во 2010 година го напушти YouTube, на новинарите им откри дека наскоро ќе објави сопствен видео сервис.

Новиот сервис би требало да им овозможи на корисниците поголема соработка со содржината и така да се оддели од YouTube. Инаку, позади Чед веќе има уште еден стартап од пред година дена, откако со Стив Чен го креираа Zeen – сервис за креирање на публикации и магазини.

„Посакував SXSW да биде еден месец подоцна, за да го претставам мојот нов продукт“, изјави г. Харли помеѓу панел дискусиите, пренесува AdWeek. Ова значи дека во текот на април би требале да очекуваме YouTube да добие нов конкурент, кој како што вели г. Харли ќе биде подобар за соработка меѓу креаторите на содржина.

Напишано од

Борис Кузманов е поранешен автор на IT.com.mk, студент на ФИНКИ, придонесувач кон развојот на платформата за блогирање WordPress, автор на <a href="http://mk.wordpress.org/">mk.wordpress.org</a>, GNU/Linux и Android корисник, слободен софтвер ентузијаст, гик и нинџа.

Мени
Заедница
Изглед
To top