Француската видео блогерка, Лаетитиа Бирбес, била најмена од YouTube да го води интервјуто со претседателот на Европската Комисија Жан-Клод Јункер, кое се емитувало во живо на YouTube во недела. Таа била една од трите избрани видео блогери кои YouTube ги одбрал за да му постават прашања на претседателот на ЕК.
Денеска, Бирбес објави видео во кое објаснува дека вработен во YouTube ја условувал да поставува “лесни” прашања за претседателот на ЕК пред самото интервју, а откако не го послушала и во живо во програмата ги поставила правите прашања кои би сакал секој разумен човек да го праша г. Јункер, YouTube ја повикал на состанок на кој ѝ дал донациски чек од 25.000 US долари за да ги донира – потег кој блогерката го смета за поткуп.
Видеото, и покрај фактот што е објавено на повеќе медиуми до сега, во моментот на пишување на овој текст има нешто под 1.000 прегледи и корекција: Видеото е првично објавено на Facebook и веќе има над 2 милиони прегледи и над 48.000 прегледувања, но за неговата веродостојност сѐ уште се нема изјаснето ниту Google ниту пак кабинетот на г. Јункер.
Видеото кое се емитуваше на YouTube може да го погледнете подолу, делот со прашањата на Лаетитиа започнува од 24:11:
Интересно е што блогерката видеото каде што зборува за неетичките политики на YouTube го поставила токму на YouTube, откако неовластено и без дозвола ги снимала со скриена камера нивните разговори.
Приказнава се чини дека допрва очекува компликации и разјаснувања…
Дополнување @ 21.39 часот:
На целиот овој ПР кошмар, портпаролите на Европската Комисија негираа дека барале прашањата пред интервјуто да им бидат познати.
“г. Јункер има поминато над 25 години во јавниот живот и интервјуа со едни од најсериозните новинари на нашето време. Тој ниту сака ниту пак ќе дозволи некој друг да ги ‘омекнува’ прашањата наменети за него.” велат од ЕК додавајќи дека претседателот Јункер бил доста задоволен од интервјуто.
Се огласи и YouTube преку својата ПР служба, негирајќи дека извршиле притисок на блогерката, туку дека од неа било побарано да покаже почит спрема претседателот на ЕК. Дополнително, од YouTube велат дека жалат што “несаканата реченица” од својот вработен била сфатена како предупредување.
tnx до @darko156 за информација за веста