1 коментар 1 мин. читање

Нов текстил можеби во иднина ќе ги напојува преносните уреди

Нов материјал кој може да се вметне во облеката е лесен, флексибилен и во иднина можеби ќе ја напојува преносната електроника. Материјалот освен сончева енергија може во електрична да ја трансформира и механичката енергија.

Материјалот генерира енергија од сонце или при движење. Оваа енергија е доволна за напојување на телефон или паметен часовник, вели Жон Линг Ван од универзитетот Georgia Tech. Материјалот е дело на соработката на г.Ван со Шаонг Фен од универзитетот Chongqing од Кина.

Материјалот е изработен од тенки бакарни ленти обложени со полимер налик на тефлон. Генерирањето на електрична енегија се заснова на трибоелектричен ефект. Ефектот креира статички електрицитет, кога два материјали брзо се тријат еден од друг, објаснува Spectrum.

„Материјал со димензии 4 х 5 сантиметри вткаен заедно со волна успеа да наполни кондензатор од 2mF при напон 2V.“

Она што можеби е прашање е за што би можело да се користи вакво полнење. Најверојатно најинтересното решение е изработка на шатор од овој материјал кој би можел да креира доволно енергија за сопствените потреби.

Засега во тек е тестирање на материјалот. Материјалот не ги губи своите својства и по 500 свиткувања, а дури и кога ќе се наводени, ги враќа својствата по сушењето.

mjgwodyzoq
Image: Xing Fan/Chongqing University
Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Коментари

1 коментар

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top