1 коментар 2 мин. читање 19 септември, 2016

Microsoft е компанијата со најголем број контрибутори за слободен код

Не толку одамна, Microsoft беше една од компаниите кои не сакаа да слушнат за отворен код. Сега компанијата е една од најотворените, барем ако судиме по бројот на контрибутори, покажуваат податоците кои ги сподели GitHub.

Една од главните причини за промените е промената на раководството, а со тоа и на насоката во која се движи компанијата. Microsoft со 16.419 на оваа листа за околу 800 контрибутори е пред Facebook, а трет е docker со 14.159. Дел од проектите кои Microsoft ги отвори се: енџинот на Chakra JavaScript; енџинот за компајлирање на Visual Studio MSBuild;  Computational Networks Toolkit; алатката за развој Xamarin и PowerShell.

most-open-source-contributors
Image: GitHub

Ако ве интересира кои се најчесто користените јазици на платформата, Github го сподели и овој податок. Со над 1.6 милиони корисници најчесто користен е JavaScript, па следат:

  • Java 763.783;
  • Pyton 744.610;
  • Ruby 740.610;
  • PHP 478.153.

Најголем напредок кај јазиците забележаа:  JavaScript, C# и Go кои имаат двапати поголем раст од претходната година. Уште поголем, 3.5 пати, е растот на Swift и TypeScript.

github-languages
Image: GitHub
Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top