Од следната година YouTube ќе ги прекине рекламите од 30 секунди кои мораше да се изгледаат. Компанијата наместо ова ќе се фокусира на пократок формат, јави Campaign.
Новиот формат ќе биде поприфатлив за корисниците на YouTube, а на него можеби ќе треба да се навикнат рекламните агенции. Дел од рекламите кои се покуси ќе останат без можност за рипање.
„Ми се чини дека ова е сигнал дека YouTube е загрижен од напредокот на Facebook. Знаеме дека видеата се клучен дел од планот за иднина на Facebook. Нивните видео содржини се сè поатрактивни секој ден, а YouTube е во паника.“, вели Калум Меккахун, стратешки директор на Born Social.
Без разлика која е причината за укинување на рекламите, ова секако е добредојдена вест за корисниците на видео платформата. Никој не сака да гледа реклама од 30 секунди на средина на видеото. Ова е пред сè поради природата на платформата на која најголем дел од содржините се покуси.
Можноста за гледање на видео без реклами е овозможена преку премиум сервисот YouTube Red. За жал, оваа услуга не е достапна насекаде, а корисниците и во регионите каде е достапна, не се решаваат за претплата.