Следниот iPhone ќе се отклучува со вашето лице?

Avatar img-thumbnail img-circle

во Свет

Израелскиот стартап RealFace кој работи на технологија за препознавање на ликови, стана дел од Apple. Стартапот е основан во 2014 година и работи на технологија со која се препознава ликот. Оваа технологија може да се користи за биометриско логирање.

RealFace е помала компанија со околу 10 вработени. Досега компанијата собра 1 милион долари, а работеа на повеќе пазари во Европа, како и во САД, Кина и Израел. Цената која Apple ја плати за RealFace е неколку милиони долари, јави Times of Israel.

Стартапот е креатор на Pickeez апликацијата која овозможува автоматски избор на најдобрите фотографии, од повеќе платформи. Сервисот веќе овозможува авторизација на корисници за апликации. Засега е нејасно како Apple ќе ја користи технологијата. MacRumors шпекулира дека веќе следниот модел iPhone 8 ќе го замени Touch ID со 3Д ласерски скенер.

 

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
trackback

[…] Дел од објавените податоци велат дека новиот телефон ќе доаѓа со Face ID. Можност за биометриско отклучување со помош на ликот веќе има Galaxy Note 8. Мал проблем е што ова е интересна функционалност која не е премногу корисна. Функцијата може да се користи за: отклучување на телефонот; отклучување на iTunes; одобрување на продажба во AppStore или за автоматско пополнување на податоци во Safari. Интересно, оваа гласина е актуелна од февруари, кога Apple го купи израелскиот стартап RealFace. […]