0 коментари 1 мин. читање 6 февруари, 2013

YouTube ќе претстави нов дизајн на профилите

Google повторно ќе го менуваат изгледот на YouTube, а се однесува за корисничките профили кои сега ќе наликуваат на тие од Google+. во новиот дизајн, YouTube профилите ќе вклучуваат cover фотографија, налик на Facebook и Google+.

Покрај тоа, сега корисниците ќе може подобро да ги истакнат своите најатрактивни видеа и со тоа да го зголемат бројот на претплатници на својот канал. Со ова, обичните корисници ќе може полесно да се промовираат себе си, додека брендовите може да загубат со своите уникатни дизајни.

Google веќе подолго време го применува овој изглед и на останатите сервиси, а целта очигледно е да се понуди еден сличен дизајн на секаде и без разлика од кој уред се пристапува.

Напишано од

Борис Кузманов

Борис Кузманов е поранешен автор на IT.com.mk, студент на ФИНКИ, придонесувач кон развојот на платформата за блогирање WordPress, автор на <a href="http://mk.wordpress.org/">mk.wordpress.org</a>, GNU/Linux и Android корисник, слободен софтвер ентузијаст, гик и нинџа.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top