Сигурно кога комуницирате преку мејл сакате да знаете дали вашата порака е прочитана или линкот кој сте го испратиле е кликнат, па затоа е тука Bananatag апликацијата која ќе ви помогне да ги следите вашите Gmail пораки. Со помош на Bananatag директно преку Gmail ќе можете да видите кои ваши имејл пораки биле прочитани и дали некој од линковите во содржината бил кликнат. Bananatag нуди и анализирање на вашите мејл пораки, односно колку од нив се отворени – неотворени, уникатни или повторувачки, кликнати или некликнати, дали се отворени преку десктоп или мобилен уред.
Bananatag е достапен како екстензија за Chrome и Firefox, Outlook, а може да биде имплементирана и во некој од вашите омилени мејл клиенти. Откако ќе ја инсталирате екстензијата, кога ќе го отворите Gmail би требало да имате две нови копчиња – Bananatag, веднаш десно од полето за пребарување и Tag до копчето за испраќање на пораката. Функцијата на Bananatag копчето е да ве одведе до работната табла за следење, а со Tag бележите дали пораката да биде следена.
Нема никакви промени во испраќањето на пораките, освен тоа што ќе треба да го притиснете копчето Tag доколку сакате да ја следите пораката. Сепак, доколку апликацијата ја користите како бесплатни корисници, ќе бидете ограничени на 5 пораки на ден, додека за повеќе се доплаќа.
[youtube]cq1-kBsefsA[/youtube]








Ве молам не промовирајте spyware!!!