Google продолжува да ги поврзува своите сервиси во една кохерзија. Овојпат најави дека ќе овозможи да се отвори YouTube канал со Google+ профил „давајќи им еден постојан идентитет низ разните платформи кога закачувате видео, споделување, коментирање и други јавни активности“.
Ова е значајно за сите нови YouTube корисници кои ќе можат да си отворат профил со едноставно додавање на Google+ профил, доколку го имаат секако. Новината се однесува само за новите корисници, но најверојатно наскоро ќе биде овозможено да се поврзат и веќе постоечките канали.
Откако ќе се логираат корисниците ќе моќат да споделат YouTube активности и на својот Google+ профил. До сега интеграцијата на YouTube со Google+ се состоеше во споделување на видеа со пријателите како постови и како дел од Hangouts, видео разговорите.
Корисниците ќе имаат опција да си отворат профил со друго име т.е. псевдоним како до сега.








