0 коментари 2 мин. читање 16 март, 2012

Google најави семантичкo пребарување

Интернет гигантот најавува најголеми промени до сега во пребарувањето, но тоа не значи дека ќе го променува системот за пребарување на клучни зборови, туку дека ќе воведе новини кои ќе овозможат семантичко пребарување, односно пребарување кое ќе го разбере значењето на зборот и ќе пласира соодветни резултати, пишува Wall Street Journal.

Google неодамна претстави промени кои го персонализираат пребарување и го поврза со Google+ за да може да се видат резултати кои ги преферираат пријателите и меѓу нив постови од пријателите врзани со клучниот збор кој се пребарува.

Но, семантичкото пребарување е нешто комплетно различно. Се работи за технологија која ќе може да ја разбере поврзаноста межу зборовите кои се пребаруват и да даде соодветни резултати. Ова пребарување треба да претставува почеток на ерата кога пребарувачите (и личните асистенти како Siri) ќе можат да разберат и одговорат на цели прашања. Но тоа е теорија до која во моментов е блиску само Wolfram Alpha пребарувачот.

Со промените кои ги прави Google, доколку пребарувате „Охридско езеро“ пребарувачот ќе ви даде резултати кои ќе содржат информации за езерото како локација, температура, на која височина се наоѓа, детали за градот и друго, наместо само линкови до сајтови кои ги содржат тие информации.

Google вели дека со новата технологија ќе можат да обезбедат одговори на прашања како „Колку езера има во Македонија?“. Google се надева дека промените ќе ги задржат корисниците подолго време на сајтот покрај конкуренцијата со друштвените мрежи.

Според изворите на Wall Street Journal, овие семантички промени ќе влијаат со 10 до 20 отсто на резултатите на пребарувањето, односно на десетици милијарди пребарувања.

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top