Најпопуларниот сервис за споделување на видео содржина, YouTube, со YouTube Community, воведува промени кои ќе го приближат до друштвена мрежа. Најголемата промена е отворање на можност за креаторите да споделувааат слики и коментари. Нема речиси никакво ограничување на содржините кои можат да бидат споделени, од текст, слики, анимирани слики.
Слично како и на видеата, посетителите и новата содржина ќе можат да ја оценат со „палец нагоре“ или „палец надолу“. Дополнително корисникот може да одбере да добива нотификации секој пат кога некој ќе коментира на постот. Веста доаѓа со огромна поддршка од креаторите на содржина кои сега не мора постојано и за секоја најава да креираат видео.
„Ова решава проблем кој го имаме одамна. Тоа беше и причината поради која не го користевме YouTube како центар за нашите видеа. Не можеше да се постави eдноставна објава како: Наскоро ќе имам шоу во Сан Франциско. Можевме да твитаме, да споделиме на Facebook, но не можевме да стигнеме до YouTube публиката.“ велат браќата Џон и Хенк Грин за FastCompany.
Засега услугате не е јавно достапна, пристап имаат неколку популарни креатори на содржина. Еден од каналите кои сега имаат community-функционалност и кои може да ги посетите за да ја разгледате функционалноста е каналот на Vlogbrothers. Најверојатно откако ќе заврши тест фазата YouTube Communities ќе пристигне на каналите на сите корисници.









