Македонската ИТ компанија Bransys се пласира во втората фаза на најголемиот бизнис натпревар во Европа, Европските бизнис награди заедно со уште 14 поголеми компании од Македонија. Во прва фаза на овој натпревар победниците ги избира стручно жири. Во натпреварот учествуваа 33.000 учесници од 34 држави.
Технологијата на која работи Bransys е софтверско решение за следење и управување со флота на возила. Ова е овозможено преку: GPS следење, диспечинг, а со тоа и помали трошоци при организација на превозот и организирање на возниот парк. Bransys е специјализиран сервис наменет за компании кои имаат поголем број на возила. Bransys успешно работи од 2008 година, а освен во Скопје има канцеларии и во Чикаго и Белград.
Во втората фаза на натпреварот националните шампиони ќе се натпреваруваат со видео презентација, раскажувајќи ја нивната уникатна приказна и нивните успеси. Најдобрите во овој круг ќе се борат за наградата Ruban d’Honneur кои ќе бидат прогласени на Гала финалето во 2017 година. Со јавно гласање на видеата на националните победници, ќе биде избран и “Национален јавен победник”.
„Многу сме горди што сме избрани да ја претставуваме Македонија како национален шампион. Европските бизнис награди се јавно признати како пример за најдобрите и најдинамичните бизниси во Европа, и ние сме горди што сме признати на ова ниво издвојувајќи се од останатите. Признанија како оваа награда секогаш имаат позитивно влијание врз нашиот тим и ни даваат енергија и поттик да продолжиме со квалитетната работа.”, вели основачот на Bransys, Бранко Трајковски.
Освен Bransys во втората фаза од Македонија влегуваат и компаниите:
- Аспект
- Digital Centar DOO, Скопје
- Diners Club Macedonia
- Камчев Консалтинг ДООЕЛ Скопје
- Mellon Solutions
- НЛБ Банка АД Скопје
- P.I.C.Co Ltd
- Раде Кончар
- Screen Media DOOEL
- South East European University
- Стопанска банка АД Скопје
- ТТК Банка АД Скопје
- Veze Sharri DOO







