Yahoo со целосна интеграција на Twitter

во Веб

{mosimage} Yahoo наскоро ќе воведе целосна интеграција на Twitter во нивните сервиси, пример Yahoo Mail. За разлика од другите Twitter соработки со Yahoo, Google, Bing… оваа соработка ќе овозможи комплетна интеграција односно ќе може да се гледа целокупниот стрим на твитови, како да користите посебен Twitter клиент. Исто така ќе можете да постирате твитови преку вашиот Yahoo профил, како и сите активности на Yahoo сервисите ќе можете да ги пренесете на Twitter.

Иако Yahoo не е кој знае колку популарен во споредба со Google, сепак соработката со сервисот за микро-блогирање покажува дека Yahoo не е само што не се далеку од најновите идеи на Google, пример Buzz, туку тоа го прават на поефикасен начин.

Yahoo најави и соработка со Facebook за пренесување на содржината. За разлика од Buzz, преку Yahoo ќе можат да се испраќаат постови на друштвените мрежи со што може да се зголеми времето на користење на нивните сервиси. Друго нешто што Yahoo ќе понуди е сите вести кои ги објавува ќе бидат пропратени со твитови во реално време.

Повеќе за Twitter и Yahoo ќе прочитате на блогот на Yahoo.

{mosimage}



Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk