0 коментари 1 мин. читање

ИТ.мк: Официјална Java обука и сертификати

{mosimage} Семос Едукација доби дозвола од Sun Microsystems и стана лиценциран тренинг и тестинг центар за Java официјални курсеви во Македонија. „Java обуките за регионот ќе значат зголемување на бројот на компетентните програмери кои ќе го користат Java програмскиот јазик, а со тоа и зголемување на дефицитарниот кадар во областа.“ вели Валентина Тасевам директор на Семос Едукација.

Според истражување на МАСИТ од вкупно ИТ сертифицирани лица во Македонија само 3% се сертифицирани за работа со Javа, во споредба со 42% Microsoft сертифициран кадар, и 23% Cisco сертифициран кадар.

Подолу е видео од прес-конференцијата каде Мите Митревски од Java User Group објаснува за состојбата и иднината на Java програмирањето. Во меѓувреме повеќе за курсевите на Семос Едукација тука.

Seamos Education – Java from ViktrArs on Vimeo.



Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Мени
Заедница
Изглед
To top