„Нашата визија е да креираме централно место за онлајн животот на луѓето.“ вели Yahoo, додавајќи дека ќе има уште интеграции на разните сервиси.
Yahoo вели дека тие се најголемата друштвена мрежа во светот со над 600 милиони корисници месечно распространети на неколку сервиси, затоа целта со договорот со компании како Facebook е да ги соедини различните друштвени активности на корисниците.
Покрај со Facebook, Yahoo неодамна објави и соработка со Zynga, односно веб игричките како FarmVille и Mafia Wars да бидат поставени на Yahoo. Најавена е и соработка со Twitter.
Добивај известувања
Најава
0 Коментари
Најнови







