0 коментари 2 мин. читање 3 март, 2015

Интернет-балоните на Google сега може да летаат со месеци

Зад вратите на хангарите на Google X, футуристичката лабораторија на гигантот, се тестираат балоните за Project Loon, кои треба да донесат интернет врска и во најодалечните делови на планетата.

Од првичните тестови до сега, рутерите се заменети со LTE-антени, а балоните сега можат да останат во воздух дури шест месеци, за разлика од првите тестови кога балоните можеа да останат во воздух неколку дена. Најновиот рекорд е 187 дена во воздух, во кои балонот ја заобиколи Земјината топка девет пати, поминувајќи над четири континенти, вели Verge кои имаа ексклузивна можност за посета на хангарите.

Google сега започнува тестови со провајдери-партнери кои треба да креираат простор за поголемо тестирање на технологијата. Google ја продава идејата така што вели дека „комуникациските сателити се скапи, стотици милиони долари да ги направите и над сто милиони за нивни лансирање. Балоните се значително поевтини дури и за глобална мрежа“.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top