Кинескиот гигант Xiaomi го претстави новиот телефон, Mi 6. Телефонот доаѓа со Snapdragon 835 процесор и дуал-камера. Она што е можеби подеднакво импресивно е цената, која овој пат е 360 долари.
If you’re covering #XiaomiMi6, Xiaomi was at its peak in China smartphones in 2Q15 (#1 with 16% share). By 4Q16, Xiaomi was #5, 7.4% share pic.twitter.com/IMGI0PgFa3
— Bryan Ma (@bryanbma) April 19, 2017
Телефонот за жал не го продолжи трендот на Mi Mix за телефон со екран на целата површина. Телефонот доаѓа со 5.15- инчен дисплеј, како и претходникот Mi 5. Новиот уред е само трет телефон кој доаѓа со 10nm процесор на Qualcomm, Snapdragon 835. Mi6 доаѓа и со: 6GB RAM; слободен простор од 64GB или 128 GB, 12 MP дуал камера, отчитувач на отпечаток на прст; батерија со капацитет 3350mAh. Како и новиот iPhone, дуал-камерата е впарена и овозможува подобри фотографии. Ова не е единствена сличност со телефонот на Apple, ниту Mi6 нема приклучок за слушалки.
Почетна цена на телефонот со 64 GB слободен простор е 360 долари, а моделот со 128 GB слободен простoр ќе чини 420 долари. Керамичката верзија ќе чини 435 долари. Засега нема најава за глобална достапност, а Xiaomi е фокусран на пазарите во Кина и Индија. Речиси без сомневање во Македонија телефонот ќе биде достапен во Hi Store.