Направете ги првите чекори за 3D-моделирање со iT Novum

Avatar img-thumbnail img-circle

во feature, ИТ.МК

Овоj викенд започнува iT Novum 2017, настан кој е отворен за сите заинтересирани. Главна цел на настанот е преку работилници да ги упати младите во првите чекори во Autodesk и 3д-моделирање. Настанот започнува на 21 април, ќе трае до 6 мај, а ќе се одржи во Skopje City Mall.

Предвидено е учество на над 400 средношколци, а регистрацијата е веќе отворена. Сите заинтересирани на возраст помеѓу 16 и 30 години, може да се пријават. Регистрацијата трае до пополнување на местата или до почетокот на работилниците.

Спонзор на настанот и организатор на работилниците е 3д академијата M3DS. Најдобрите три тимови ќе добијат можност да ја продолжат својата обука и да го усовршат 3д-дизајнот на оваа академија. Иницијативата е поддржана и од Министерството за култура.

Освен ученици на настанот ќе учествуваат и компании, кои ќе можат да се претстават пред учесниците, а секако и учесниците ќе ги презентираат можностите пред евентуалните работодавачи.

Работилниците започнуваат од 22 април и ќе траат се до 4 мај. Секој ден ќе се обучуваат и натпреваруваат по 24 учесници. Според агендата наведени се 4 часа за обука на учесниците. По завршување на обуката ќе се поделат тимовите. Следните 4 часа учесниците ќе ги поминат во користење на здобиените вештини за креирање на анимација. Во ова ќе им помогне тимот на M3DS.

На 6 мај е последниот ден од настанот, а тогаш ќе бидат доделени стипендиите, наградите и сертификатите. Повеќе за iT Novum може да прочитате на веб-сајтот на организторот или на facebook-страницата на настанот.

Disclaimer: IT.mk е медиумски спонзор на настанот.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments