0 коментари 2 мин. читање

Хрватската Kickstarter конзола, MAKERbuino стигна до 100.000 долари

Што ако само мал дел од времето кое децата и младите го минуваат во играње на видеоигри, може да се искористи за учење нови вештини? Ова е идејата на матурантот Алберт Гајшак од Карловац, Хрватска.

MAKERbuino е „направи сам“ конзола, на која може да се играат ретро игри. Освен играњето корисниците ќе се здобијат вештини како лемење и познавање за електроника. Токму идејата за задобивање на нови вештини е главна кога развојот на конзолата е во прашање. Дел од вештините со кој ќе се здобијат корисниците се:

  • Како се леми;
  • Кои се основи компоненти во електрониката и кои се нивните функции;
  • Како се поврзуваат овие компоненти и зошто;
  • Што се микро-контролери и основи на дигитална електроника;
  • Како се програмира микро-контролер со C/C++;
  • Што се 3д-принтери и како да дизајнирате сопствена маска;
  • Како да го надградат MAKERbuino со различни модули.

Конзолата  е наменета за деца над 11 години, а креаторите проценуваат дека за склопување на сите елементи ќе бидат потребни 5 часа. Ова е само времето потребно за склопување на конзолата, а потоа децата може да развиваат игри и да продолжат да го истражуваат хардверот.

Проектот на Kickstarter го поддржаа 1574 поддржувачи, и успеаја да соберат над 100.000 долари. Првично за реализација на проектот беа потребни 10.000 долари, што значи дека ја надминаа потребната сума за 10 пати. Со завршувањето на кампањата започнува и испораката за првите поддржувачи, а сите останати ќе можат да ги очекуваат компонентите по мај.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top