OutRage: Fight Fest е откачена боречка игра помеѓу 16 играчи

За жал немаме премногу боречки игри. Поголемиот дел од оние што веќе ги имаме играат на сигурна карта и никако не се осмелуваат да го раздрмаат жанрот со инвентивни механики. Не и OutRage: Fight Fest. Чедото на развојниот тим Hardball Games нуди невообичаена, адреналинска и крајно откачена забава во бројни модови, се со цел да се изделат ултимативните борци!

Multiplayer Brawler од епски размери!

Како игра која е замислена за мрежни битки, OutRage: Fight Fest не се одликува со никаква приказна, но уникатниот дизајн на мапите и ликовите сепак алудира на интересен универзум каде удирање, клоцање и фрлање е она што прави светот да функционира. Во OutRage: Fight Fest започнувате со еден од три ликови, додека останатите осум се отклучуваат како напредувате низ нивоата (кои се отклучуваат со собирање искуствени поени).

Во моментот кога ќе се најдете во некоја од арените, ќе биде потребно да удирате и клоцате се додека не се наполни вашата скала за бес. Оваа скала достигнува три нивоа, на секое ниво вашиот лик станува покрупен и, со самото тоа, поопасен. Тоа што сте покрупни ви дозволува да кревате и фрлате поголеми предмети низ мапата. Забавниот дел доаѓа кога ќе видите дека можете да фаќате и фрлате и ликови кои се помали од вас. Имаше бројни ситуации во кои апсолутно уживавме земајќи најразлични оружја, удирајќи ги еден непријател во последен момент, па потоа зграпчувајќи друг и фрлајќи во во трет.

Секој од ликовите се одликува со една од четири специјални моќи кои може да се активираат откако вашата скала ќе биде наполнета. Иако не се работи за апокалиптично силни моќи, сепак може значително да ги раздрмаат противниците и да го сменат правецот на битките, особено доколку играте во Battle Royale модот.

Како еден од најинтересните режими, Battle Royale ве втурнува на мала мапа која станува се помала и помала. Прстенот кој се стеснува околу вас, вампирски го цеди вашето здравје и станува особено забавно кога ќе почнете да клочате и да фрлате во прстенот. Доколку сте доволно добри, можете да зграпчите и да фрлите некого во прстенот, потоа таман кога ќе проба да излезе да го гаѓате со предмет или да активирате супер-сила. За среќа, можете да пробате да ги избегнете ударите и да излезете од кругот, но кога коцките ќе се поклопат и ќе почнете да го фрлате во кругот трипати по ред, уф, може да го почуствувате бесот на противникот – преубаво чувство!

Иако не сме преголеми фанови ниту на вакви боречки игри, ниту на мрежни игри со модови како Battle Royale, Free for All и Team-based, сепак апсолутно уживавме во играта, напредувањето низ левелите и отклучување на новите ликови. Сега-за-сега, надвор од скромната цена од 8 евра, не забележавме дополнителни платежни можности иако, доколку експлодира играта, не би се изненадиле да наидеме на сезонски пропусници и дополнителни микротрансакции.

Повеќе детали за играта

  • Произведува: Hardball Games Ltd
  • ИздаваHardball Games Ltd
  • Жанр: боречка игра
  • Платформа: Microsoft Windows
  • Излезе на: 16 јули 2024

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk