World of Warcraft изгуби 14 отсто од своите играчи

во Софтвер

World of Warcraft губи играчи и покрај успехот на најновата екстензија која ги претстави пандите, нов континент и нова содржина. Девет години старата мултиплеер игра изгуби 14 отсто од своите играчи во период од јануари до март. Тоа се 1,3 милиони претплатници. Но, WoW и понатаму е напопуларната MMO игра за која се плаќа со 8,3 милиони играчи (рекордот беше 12 милиони во 2010-та), иако, признава Activision, овој број може да се намали во иднина.

Проблемот секако е што на голем број од играчите им здосади играта. Девет години се многу за една игра која продолжува да фасцинира со новите содржини, но не и со начинот на играње кој остана ист од почеток до крајот. Промена на талентите не ги сменија основите на тенкањето или лечењето. Според Activision, најголемот виновник за падот на претплатници се бесплатните онлајн игри, но и на промената на навиките наместо месечна претплата да се трошат пари на микро-трансакции во играта.

„Важно е да се напомене дека природата на онлајн игрите е променета, и пазарот станува далеку поконкурентен. За да го решиме ова, работиме на тоа побрзо да објавуваме нова содржина за да ги задржиме заинтересирани играчите и да ги натераме тие што се откажаа да се вратат назад.“, вели директорот на Activision, Боби Котик.

Но, г. Котик не најави кои се идните планови на Activision и Blizzard. Веќе подолго време се зборува за нова MMO игра – Project Titan, но тоа е само мит (или добро скриена тајна). Тоа што се знае е дека следната голема игра од Blizzard по WoW, Diablo и Starcraft ќе биде мутлиплатфромска игра, наменета за PC-јата, конзолите и можеби и за таблет компјутерите. Доказот дека двете компании размислуваат за мултиплатформите се префрлувањето на Diablo 3 на PlayStation и претставување на Hearthstone: Heroes of Warcraft која може да се игра на таблет компјутерите.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk