0 коментари 1 мин. читање

Обама нареди отворените владини податоци да бидат машински читливи

При крајот на 2011 година претседателот на САД, Барак Обама, изрази голем интерест за отворена и транспарентна влада, за што беше објавена и првата таква платформа преку која жителите и компниите ќе можеа да видат што се случува во нивната влада.

Почнувајќи од оваа недела, Data.gov може да се пофали со нов модернизиран дизајн и начин на работа кој ќе користи отворени и машински читливи формати како стандард. Според блогот на Белата Куќа, податоците ќе бидат достапни во CSV, XML, JSON, како и во останатите машински читливи формати. Додека пак, до некои делови ќе може да се пристапи и преку API.

„Постојат приватни компании кои ги користат отворените податоци за да се справат со своите кредити, клиенти кои ги користат за да заштедат за трошоците, фамилии за споредување на опциите за здравствено осигурување.“, пишуваат во официјалниот блог напис.

Напишано од

Борис Кузманов е поранешен автор на IT.com.mk, студент на ФИНКИ, придонесувач кон развојот на платформата за блогирање WordPress, автор на <a href="http://mk.wordpress.org/">mk.wordpress.org</a>, GNU/Linux и Android корисник, слободен софтвер ентузијаст, гик и нинџа.

Мени
Заедница
Изглед
To top