0 коментари 2 мин. читање 10 мај, 2013

YouTube ги објави платените канали, претплатата започнува од 0,99 долари

YouTube воведе претплата на мал број од своите канали, со цел да го промени начинот на кој Google и партнерите ќе прават пари, бидејќи досега приходите доаѓаа само од рекламите. Засега има само мал број канали со претплата, но ако проектот се покаже како успешен, тогаш бројот на вакви канали ќе порасне.

„Започувајќи од денес ќе нудиме пилот проект, мала група на партнери ќе понуди канали со претплата на YouТube за 99 центи месечно. Секој канал ќе има 14 дена тест период и попуст за годишна претплата.“, вели сервисот.

За почеток во пилот проектот ќе бидат вклучени 53 канали, а дел од каналите ќе имаат проширена содржина, па на пример детската серија Sesame Street на својот канал ќе емитува цели епизоди, а каналот на UFC ќе нуди цели борби. Листата на канали со претплата може да ја разгледате тука.

Се поизвесно е дека покрај весниците, и телевизиите ќе мора да го прилагодат својот начин на работа за онлајн светот. Netflix, Hulu, Amazon и Google почнуваат да навлегуваат во телевизискиот простор, најверојатно помалите локални телевизии ќе бидат првите кој ќе го осетат новиот медиумски бран. Со целосното влегување на Google во телевизискиот простор, традиционалните телевизии ќе мора да размислат за префрлање и во интернет просторот.

Во моментов ниеден од каналите не е достапен во Македонија, па македонските гледачи можат да и останат верни на традиционалната телевизија.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top