Честитки до победници на локалниот NASA Space Apps Challenge 2016!

Avatar img-thumbnail img-circle

во ИТ.МК

Ракети спакувани во ранец се победници на локалниот NASA Space App Challenge 2016, кој беше организиран од NewMan’s Business Accelerator. На хакатонот учествуваа 120 учесници во локации во Скопје, Битола, Тетови и Охрид кои 48 часа работеа на предизвиците на NASA, создавајќи решенија кои ќе го подобрат животот во Земјата и ќе помогнат со истражувањата во Вселената.

Првонаградениот тим креираше иновативно концепт-решение за „jetpack“, кој наместо традиционалното гориво ќе користи алтернативна сончева енергија. „Она што сакавме да го постигнеме е да направиме нешто поразлично од она што сите го замислуваат кога ќе се спомне џет-пек, односно употреба на горива за негова работа, исто така сакавме да употребиме најнова и најдобра технологија за негова целосна изработка и колку што можеме повеќе да го користиме сонцето како извор на енергија за работа на нашиот уред,” вели Горан Јованоски, еден од креаторите на прво-награденото решение.

Втората награда е за тимот кој направи решение со виртуелна реалност како ќе изгледа Kennedy Space Center денес, но и во следните 50 години. Решението Avis ја доби наградата од публиката, а апликацијата решава актуелен проблем, односно ги одбележува сите зони на забранети летови со беспилотни летала. Идејата е апликацијата автоматски да управува со параметрите во зоните за забранети летала, а со тоа и да му помогне на операторот.

Добра вест е дека најдобрите тимови од Македонија ќе можат да учествуваат ма глобалниот натпревар. За тоа во следните пет дена треба да ја завршат својата идеја, и да го пријават својот проект преку кусо видео. Најдобрите ќе имаат можност за влез во европската програма за акцелерирање на проектите.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments