Неодмана едно американско истражување покажа дека просечен твитерџија е 28 годишна девојка која има iPhone. Мотивиран од овој и сличните истражувања кои се обидуваат да ја дефинираат мрежата, Никола Спасов од агенцијата Рејтинг направи анкета со над 240 твитерџии, чии информации ги претстави на All Web конференцијата.
За жал бројот на твитерџиите сè уште е тајна. Друштвената мрежа не сака да го открие тој податок. Но, тоа што знаеме е дека во Македонија:
- 53 oтсто од твитерџиите се мажи, 47 отсто се жени. Просечниот твитерџија е од 20 до 30 години. Многу мал процент е под 18 години, а малку има и над 30 години.
- Неверојатни 19,6 отсто од твитерџиите се магистри или доктори по наука, 64 отсто се со високо образование. Во Македонија 22 отсто од луѓето се со само основно образование.
- Околу 65 отсто се вработени во приватна компанија во која 25,9 отсто влијаат врз другите, пример се на раководна позиција. Околу 6 отсто се сопственици на компанија или организација. 26 отсто се студенти. Само 2,9 се невработени и само 1 отсто од администрациајта е на Twitter.
- Околу 32 отсто од твитерџиите се ИТ луѓе, веб дизајнери, програмери; 27 oтсто се занимаваат со маркетинг; 7 отсто се банкари, 5 отсто се од невладиниот сектор, и 3 отсто се новинари.
- Тwitter е скопска друштвена мрежа, скоро 62 отсто, додека има мал процент од Велес, Куманово и Тетово.
- Во последните 30 дена, 248 твитерџии твитнале по 448 твитови. Од нив 294 се @reply за комуникација со другите, 95 се ретвитови, скоро секој 5-ти твит е ретвит. Околу 80 твитови се со хаш-таг, односно 74 се со линк.
- Женските твитерџии имаат помалку следбеници(followers), твитаат помалку, ретвитаат еднакво ко мажите, но многу повеќе комуницираат меѓу себе.
- Твитовите се инспираат од офлан настани. Инцидентот кога министерот Никола Тодобор бараше генијалци произведе над 4.000 твитови.
- Најчесто се твита од 20 до 22 часот, пикот е 7.000 твитови, односно во 14 часот кога пикот е 6.000 твитови.
- Омилената тема за твитање на твитерџиите е хумор и забавата, 52 отсто твитаат за техноллогија и наука.
- Интересно, медиумите не се следат директно, туку се ретвитуваат вестите, иако 70 отсто велат дека го користат Twitter како извор на информации, а 93 отсто споделуваат информации и функционираат како медиуми. Над 60 отсто го користат да научат нешто.
- Интересно, само 17,2 отсто следат шоубизнис профили и познати личности.
- Уште поинтересно, иако политиката е најдискутирана тема, скоро секој втор твит, сепак твитерџиите не следат политичари.
- Голем дел од твитерџии, околу 30 отсто, се на Twitter за да следат теми од специјален интерес, односно 47 отсто се на Twitter за да се поврзат со луѓето од таа област.
- Најмногу се следат српски твитерџии, потоа хрватски, бугарски, а малку од Албанија и Босна и Херцеговина. Покрај балкански твитерџии, најмногу се следат профили од Британија и САД.
- Само 20 отсто од твитерџиите велат дека комуницираат во офлајн светот со тие што ги следат. Само 3 отсто ја користат мрежата за да останат во контакт со најблиските пријатели и фамилијата.
- Скоро 41 отсто велат дека се зависни од Twitter, поминуваат премногу време, но само 3 отсто сакаат да се откажат. За 86 отсто Twitter е дневна рутина.
Eве го целото истражување.