Windows Repair 4 ќе проба да стави крај на Windows проблемите

Вашиот Windows оперативен систем знае да разочара по подолго време користење и да понуди работна околина која не е подеднакво брза и функционална како што ја паметите. Таквото нешто би можело да произлегува од проблеми во регистарот, грешки со дозволи за одредени фајлови, несакани последици од update процеси или пак оштетени системски фајлови.

Windows Repair веќе подолго време води битки за отстранување на ваквите проблеми, а најновата четврта верзија се чини дека е чекор во вистински правец. Надополнувањето е од значителен карактер и се одликува со надграден кориснички интерфејс и контроли, способност за покренување повеќе алатки директно од системската лента, не исклучувајќи ја ни опцијата да за директно навлегување во безбедносен режим. Дополнително, корисниците кои се дружат со алаткава подолго време ќе забележат и нови поставки за поправки, како и бројни надградби на индивидуалните алатки за поправки. Низ целосниот систем е имплементирано и подобрување во перформансите.

Windows Repair 4 е целосно бесплатен за користење, но желните за дополнителни функции би можеле да го свртат вниманието и на професионалната верзија која чини 25 долари.

Оние кои сакаат понапредни можности за чистење, а со тоа и заврзување на системот би ги упатиле кон надалеку-познатите Revo Uninstaller и CCleaner, Synei System Utilities 4 или Black Bird Cleaner. Што се однесува до самото забрзување на стартувањето на Windows-от би можеле да ги засукате ракавите и да имплементирате некој од следниве совети.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk