1 коментар 2 мин. читање 7 септември, 2017

Facebook откри политичка рекламна кампања од 100.000 долари во САД, нарачателите се најверојатно од Русија

Facebook откри руска политичка кампања чија цел е поделба. Околу 100.000 долари се потрошени на 3.000 реклами. Пораките се спонзорирани во период од јуни 2015, до мај 2017 година.  Друштвената мрежа дополни дека нема доказ дека изборите биле дел од оваа кампања.

Дури четвртина од спонзорираните постови таргетираат одредена територија, а останатите се на цела територија на САД. Целта не е да се поддржи одредена група, туку да се антагонизираат граѓаните. Постовите кои се спонзорирани се на различни теми. Дел од нив се однесуваат на ЛГБТ, прашања за расите, имиграција и право за носење оружје.

Најголем дел од објавите доаѓаат од лажни профили. Претставник на Facebook за Washington Post објави дека се сомнева дека рекламите доаѓаат од руски трол фарми. Овој податок е непотврден.

Друштената мрежа пронајде и дополнителни сомнителни 50.000 долари од реклами. Иако се чини дека рекламите доаѓаат од IP-адреси од САД, парите се префлени од Facebook-профили кои користат руски јазик.

Компанијата во оваа акција пронајде и затвори 470 лажни профили кои се одговорни за над 3.000 реклами.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top