Нова експанзија за Eve Online во октомври

Avatar img-thumbnail img-circle

во гејминг

Eve Online продолжува со неуморно исфрлување бесплатни експанзии во богатиот ММО универзум. Веќе од 24.октомври, капетаните ќе можат да искористат нови технологии за екстракција на ресурси.

Eve Online: Lifeblood ќе воведе таканаречени Upwell рафинерии кои ќе го „револуционизираат начинот на кој потрошните ресурси се собираат и процесираат во New Eden“. Новите објекти отвораат сосема нови методи за рударство на месечини и им овозможуваат на „капсулерите да управуваат со индустриските работни процеси како никогаш порано“. Ова го трансформира рударството од пасивен извор на приход на активен дел со имплементирани гејмплеј механики каде играчите го имаат изборот дали да соработуваат или пак да се испотепаат едни со други. Независно од донесената одлука, профитот и забавата се чинат загарантирани.

Според студиото зад Eve Online, воведувањето на рафинериите е препратено со поедноставен кориснички интерфејс за пилотите кој не дискриминира во зависност од нивната вештина во индустријата. Па така, новиот систем со реакции ќе допринесе до кохерентен и јасен процес како за ветераните, така и за почетниците.

Собирањето ресурси значително ќе биде отежнато со нови пиратски бази кои можеби се закана за невнимателните, но и прилика за оние кои не се плашат да си играат со помалку конвенционални методи. Имено, онаму каде што ќе изгубите профит кога ќе бидете нападнати од пиратите за време на рударските операции, ќе можете да го повратите преку ловење глави, односно започнување bounty hunting мисии.

Бесплатната Eve Online: Lifeblood ќе донесе и огромно балансирање на популарните алфа вселенски бродови, како и ќе го подобри корисничкиот интерфејс на агенцијата и ќе воведе многу подетален Mining Ledger.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments