Windows Phone корисниците сè повеќе плаќаат за апликации

во Мобилни, Софтвер

Продавницата за апликации на Windows Phone можеби не е голема колку Google Play или Apple App Store, но од Microsoft излегоа со соопштение дека бележат голем раст. Според Тод Брикс, генерален директор на Windows Phone Store, забележани се 9 милиони купувања на апликации како на содржина во самите апликациите на дневно ниво.

Вкупната бројка на трансакции на месечно ниво е 270 милиони, додека во месец јуни се забележани 70 милиони трансакции повеќе, отколку претходно. Ова значи дека сè повеќе Windows Phone корисници решаваат да користат платени апликации или плаќаат одредена сума за различни сервиси и содржина во самите апликации.

Дополнително, Microsoft ги охрабрува развивачите да ги објавуваат своите нови и ажурираат постоечките апликации во периодите кога доаѓаат празници, бидејќи тогаш потрошувачите ја зголемуваат сумата што ја трошат.

Според Microsoft, развивачите заработуваат трипати повеќе од активните корисници кои ги плаќаат апликациите преку своите сметки, односно шест пати повеќе од активните корисници кои плаќаат со кредитна картичка.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk