4 начини да ја тргнете „Seen“ пораката на Facebook

3 коментари 2 мин. читање

Сигурно барем еднаш сте се нашле во ситуација да не сакате личноста со која разговарате да види дека ја имате прочитано пораката која ви е пратена заради одредена причина. Доколку сакате личноста со која разговарате да не добива известување дека ја имате прочитано нејзината порака, еве неколку решенија за тоа:

FB Unseen е екстензија за Chrome која ја блокира адресата преку која Facebook детектира дали пораката е прочитана или не. Дополнително, FB Unseen нуди можност за одредени пораки да ги обележите како прочитани, што значи дека доколку вие сакате да и дадете до знаење на личноста дека сте ја прочитале нејзината порака, тоа можете да го сторите со еден клик.

Напомена: Доколку ја инсталирате екстензијата можно е сите ваши пораки да бидат означени како непрочитани, а пораките ќе останат непрочитани се додека не им одговорите или не ги означите како прочитани. Исто така, има и реклами, но истите може да бидат блокирани доколку користите AdBlock Plus.

Unseenly е Facebook апликација која го користи Graph API-то на Facebook за да пристапи до вашите пораки и да ја отстрани Seen пораката. Оваа решение е добро доколку не сакате да користите додатоци на вашите прелистувачи или пристапувате од повеќе уреди.

Уште една екстензија за Chrome која ги блокира “Seen” пораките и известувањето дека пишувате одговор.

AdBlock Plus е екстензија која најчесто се користи за блокирање на реклами, но со можноста на сопствените филтри можете да блокирате и друг вид на барања. За да ја отстранете “Seen” пораката, како филтер додадете ја адресата: facebook.com/ajax/mercury/change_read_status.php$xmlhttprequest или facebook.com/ajax/mercury/change_read_status.php (оваа адреса всушност се блокира со првото предложено решение)

Напишано од

Борис Кузманов е поранешен автор на IT.com.mk, студент на ФИНКИ, придонесувач кон развојот на платформата за блогирање WordPress, автор на <a href="http://mk.wordpress.org/">mk.wordpress.org</a>, GNU/Linux и Android корисник, слободен софтвер ентузијаст, гик и нинџа.

Коментари

3 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед