Twitter објави нова надградба за iOS и Android апликацијата која доаѓа со повеќе нови функционалности, меѓу кои е и двојната верификација што овозможува директна потврда за обидите за логирање од мобилната апликацијата, без потреба од SMS пораки. Според Twitter, безбедноста треба да е на прво место.
Еве ги промените во апликацијата:
- Нема потреба од телефонски број. Со новите push нотификации нема потреба од оставање на телефонски број, а доколку имате повеќе Twitter профили можете сите да ги селектирате за верификација.
- Поширока меѓународна поддршка. Twitter за новата верификација повеќе не ги користи поддржаните мобилни оператори за испраќање за двојна верификација. Поради ова се што ви е потребно сега е интернет конекција.
- Резервните кодови кои ги генерира Twitter апликацијата може да се зачуваат и искористат во случај ако немате пристап до телефонот.
- Повеќе контекст. Апликацијата ви презентира повеќе детали за прелистувачот и локацијата од каде доаѓаат барањата.
Покрај подобрувањата во безбедност, новата апликација за iOS ќе има подобри перформанси при стартувањето. Пребарувањето е подобрено за двете платформи, па отсега резултатите ќе имаат друштвен контекст, поточно ќе може да ја видите вашата поврзаност со останатите корисници. Покрај ова променет е и начинот на кој пребарувате низ фотографиите, па отсега пребарувањето по слики ќе биде преку нова галерија. Целосните промени во алпикацијата може да ги разгледате на Google Play, односно App Store.

Коментари
Нема коментари. Отвори форумска тема и започни ја дискусијата.