Windows Phone 8.1 ќе ја добие Cortana

во Мобилни

Иако Microsoft со Windows Phone 8 направи исчекор во вистинска насока, сепак оперативниот систем има долг пат пред себе доколку Microsoft планира да се приклучи во трката со Android и iOS. Надградбата 8.1 за Windows Phone ќе донесе новитет, кој во конкурентните оперативни системи е присутен подолго време. Станува збор за гласовниот асистент Cortana.

Cortana ќе наликува на Siri, а на Windows Phone ќе го замени досегашниот Bing пребарувач, а ќе добие и своја кружна анимирана икона. Cortana ќе биде анимирана додека размислува или зборува, известува Verge. Податоците за асистентот ќе доаѓаат од услуги како Bing или FourSquare. Cortana своето „знаење“ ќе го има благодарение на „Notebook“, дел во кој корисниците одбираат колкав степен на приватност сакаат да имаат. Корисниците можат да ги споделат својата локација или лични податоци, но и навиките кои ги имаат стекнато, сепак асистентот доаѓа со вградена мерка на безбедност, па корисниците мора да отклучат секoja од опциите кои можат да му им нарушат приватноста и за секој од податоците кои ќе бидат запомнети ќе бара дозвола од корисникот.

Слично како Siri и Cortana ќе го поздравува корисникот по име и да прашува дали има потреба од помош. Ассистентот ќе препознава и фрази па доколку прочита во поштата или пораките „да се сретнеме утре во 9“ ќе ги праша корисниците дали да ја запомни закажаната средба. Освен ова Cortana ќе нуди податоци за берзата, потсетник за состаноци, временски услови и слично. Ова би било навистина корисно доколку Microsoft изнајде начин со кој ќе ги препознае и пораките од трети апликации како на пример Viber или Facebook.

Cortana е мотивирана и креирана по вештачката интелегенција на HALO серијалот по која и го доби името, а заеднички им е и актерката која ги синхронизира и двете, Џен Тејлор.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments